ТВ21: Во Липково се појави огромeн процеп, селото се „подели“ на два дела


 
Екипата на ТВ21 излезе на терен по добиената информација за колосална пукнатина во земјата, регистрирана во атарот на Липково. Драматичните снимки сведочат за длабок и широк расцеп кој претставува директна и сериозна опасност за околните објекти и виталната инфраструктура во регионот.

Станува збор за активно свлечиште кое веќе предизвикува значителна материјална штета и, што е најзагрижувачки, претставува непосредна закана за безбедноста на локалното население. Надлежните институции се повикуваат на итна реакција.