Тужби до државата и штрајк најавува УПОЗ, ако нема решение за платите
Тужби до државата, штрајк и продолжување на протестите, се мерките за кои размискуваат синдикалците, како легитимни облици за изразување на незадоволството на вработените во државните институции, кои бараат зголемување на платите за 30 отсто.
– Овие денови се изначитавме декларативни соопштенија од Владата, преку кои Владата нѐ канеше на средби преку вас медиумите, а ние формално не добивме никаква покана за продолжување на дијалог. Бидејќи дијалогот не се води преку соопштенија и преку медиуми, Синдикатот на УПОЗ денеска поднесе формално барање за средба со претседателот на Владата, со кое бараме повторно продолжување на дијалогот кој еднострано беше прекинат од страна на Министерството за финансии со одбивање на предложените колективни договори за додаток на плата, за овие вработени кои денеска протестираат со нас – реќе Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, на денешната прес-конференција пред Министерството за финансии.
Вработените очекуваат Владата да покаже разбирање и да ја прифати оваа подадена рака од Синдикатот на УПОЗ, за изнаоѓање решение на нашите барања, додаде тој.
– Во спротивно ќе бидеме приморани повторно да ги активираме протестите како и да ги искористиме сите, со закон, дадено можности за изразување на незадоволството на работниците до остварување на нашите барања – рече Деаноски.
Вчера на состанокот со синдикатите, разговарале прво да почекаат да има дијалог, но доколку нема решение, се размислува за продолжување на протестите, за штрајк и за тужби до државата.