Тужба од 38 американски држави против „Гугл“
Гугл се соочи со трета голема тужба за два месеци, бидејќи 38 американски држави и територии ја обвинија компанијата за злоупотреба на пазарна моќ.
Судската постапка против матичната фирма на компанијата Алфабет следува по повеќегодишни поплаки дека таа и другите големи технолошки компании, вклучувајќи ги Фејсбук и Амазон, ја користат својата голема пазарна моќ да ги победат конкурентите во потрагата по профит.
Обвинителството бара судот да го прогласи Гугл за виновен за прекршување на законот против формирање доверба и да нареди поништување на какви било договори или други однесувања за кое смета дека се исклучителни. Беше спомената можноста за барање продажба на имот, но без детали.
– Државите не побараа парични казни, рече јавниот обвинител на Небраска, Даг Петерсон.
Како одговор на тужбата, Гугл го повтори својот став дека конкуренцијата за пребарување е тешка, велејќи дека меѓу неговите ривали се TripAdvisor и Expedia и дека сите промени што ги донеле се во корист на потрошувачите.