Туск: ЕУ официјално го одобри одложувањето на Брегзит


Европската унија и официјално одобри Брегзит да биде одложен до крајот на јануари 2020 година, истакна претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Тој на Твитер објави дека тоа ќе биде можеби последното продолжување на рокот за Брегзит кое ќе го одобрат останатите 27 земји членки на Унијата и ја замоли Британија на најдобар начин да го искористи периодот.

Туск, кој кон крајот на следниот месец ќе замине од функцијата претседател на Европскиот совет по петгодишниот мандат, никогаш не криел дека би сакал Британија да остане членка на ЕУ.

– Сакам да се поздравам од вас бидејќи мојата мисија се приближува кон крајот. Ќе ви држам палци, порача Туск.