Турските ракотворби ги собра дипломатскиот кор и сопругите на функционерите во Скопје

Ѝ сопругата на премиерот Рози Мицкоска, имаше можност да се запознае со овие техники, но и практично да научи како се изработуваат


Техниките за изработка на турските ракотворби ебру, релјеф во хартија и калиграфија денеска беа презентирани во рамки на настанот „Ателје на турски уметности“ што го организираше сопругата на амбасадорот на Турција во земјава, Шејма Нур Улусој со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ и Комек центарот за стручно образование во Скопје.  

– Секој од овие уметности не нуди само естетика, туку и инспирација особено преку значењето и приказните кои ги наследуваат од минатото па до денешницата. Ебру е уметност која може да се карактеризира како рефлексија на природата создадена од танцот на водата и боите, релјефот го отсликува визуелното богатство оформено со текстури, додека калиграфијата е ретка убавина во која писмото се спојува со уметноста, истакна сопругата на тускиот амбасадор Нур Улусој.    

Сопругата на премиерот Рози Мицкоска, сопруги на министри, пратенички, амбасадорки и други членки на дипломатскиот кор, како и жени од турската заедница во земјава имаа можност да се запознаат со овие техники, но и практично да научат како се изработуваат. 

За ракотворби што се изработуваат со техниката ебру потребен е правоаголен сад од нерѓосувачки челик, специфични четки, а се работи со земјени бои и материјал за концентрација на тие бои во водата. 

– Водата за изработка на ебру се подготвува со посебни материјали еден ден пред изработка на ракотворбата. Кандидатите кои ја изучуваат оваа техника изучуваат основни вештини за цртање, додека во втората фаза тие се насочуваат кон отсликување на разни видови на цветови, како што е лалето, зумбулот, розата и.т.н, објасни Шукран Рамадан од Комек центарот во Скопје. 

 

Рамадан вели дека во изминатите четири години во Комек центарот, кој се наоѓа во Старата турска чаршија, има интензивни курсеви како за ебру, така и за другите видови уметности. 

-Можам да кажам дека со огромен интерес, особено од дамите, се следат курсевите, вели таа.    

Калиграфијата е префинета уметничка вештина која бара многу внимание и трпеливост.