Турската централна банка значително ја зголеми основната каматна стапка
Турската централна банка значително ја зголеми референтната каматна стапка во своето второ зголемување на стапката за само два месеци за да го спречи слабеењето на домашната лира и инфлаторните притисоци.
Така, стапката на репо за седум дена во Турција беше зголемена за дури 7,50 процентни поени, на 25 проценти.
Во јуни оваа година, централната банка во турската престолнина Анкара одлучи да ги зголеми каматните стапки за прв пат од март 2021 година со нов гувернер на чело, кој ги поддржа очекувањата за враќање на цврстата монетарна политика, против владиниот притисок за намалување на каматните стапки.
Во соопштението банката наведува дека „ќе го продолжи процесот на монетарно затегнување со цел што поскоро да се воспостави тренд на намалување на стапката на инфлација“.
Инфлацијата во Турција во јули оваа година се движеше близу 50 отсто, објави тамошната канцеларија за статистика.
Турската лира нагло слабее повеќе од две години, а денеска по најавата за зголемување на каматите благо зајакна во однос на доларот и еврото.