Турска опозиција: Ердоган потроши милиони долари за веб-страница на општина Истанбул
Кандидатот на опозицијата Имамоглу победи на изборите на крајот од март, со мала предност пред кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Бинали Јилдирим, но Изборната комисија донесе решение да го поништи гласањето, наведувајќи неправилности.
– За веб-страницата на општина Истанбул за три години се потрошени 80 милиони лири. Со тие пари можеме да направиме страници за сите турски општини, рече на прес-конференција Имамоглу.
Имамоглу вчера ја почна предизборната кампања за повторените локални избори во Истанбул, закажани за 23 јуни.