Турнејата на Тејлор Свифт и оваа година ќе надмине милијарда долари
Лос Анџелес – Турнејата „Ерас“ (The Eras Tour) на Тејлор Свифт би требало да надмине милијарда долари приход и оваа 2024 година. Откако ја постигна оваа бројка лани, таа веќе е првиот уметник воопшто кој станал милијардер исклучиво преку својата музика.
Според пресметките на стручњаците, турнејата заработила над милијарда долари по првите 60 настапи. Свифт продава по 72.000 билети за концерт, во просек, по цена од 239 долари, што значи приближно 17 милиони долари по настап. Така, Тејлор заработува околу 14,7 милиони долари за секој еден концерт.
Се проценува дека нејзината вкупна бруто заработка надминува две милијарди долари, но оваа бројка не ги вклучува трошоците за водење на турнејата.
Инаку, пејачката и нејзините соработници заработуваат и од маици, сувенири и сл., коишто се продаваат на мало, за просечна цена од 51 долар во САД (околу 46 евра) и 52 фунти во Велика Британија (61 евро).