Турканици во Велес: Бесплатно се делеа 2.000 табли со јајца


Околу две илјади табли со јајца беа буквално разграбани за само еден час во Велес за време на хуманитарна акција која предизвика огромен метеж. Поради безредието меѓу граѓаните кои чекаа во редици, мораше да интервенира и полицијата за да воведе ред и да спречи евентуални повреди, објави СДК.мк

 Хуманитарниот настан е донација од велешани кои живеат и работат во Соединетите Американски Држави, поточно преку компанијата за камионски транспорт „Шилер“. Ова е веќе трета година по ред како компанијата организира бесплатно делење јајца за велигденските празници.

Огромниот интерес за бесплатните јајца брзо прерасна во хаотична ситуација. Според очевидците, дел од присутните земале и по две-три табли одеднаш, правдајќи се пред останатите дека ги земаат за болни роднини или соседи кои не биле во можност да дојдат.

Секој граѓанин добиваше табла со јајца чија пазарна вредност во моментов достигнува 300 денари (со оглед на поскапувањето од пред десетина дена кога чинеа 200 денари). Заедно со јајцата, волонтерите делеа и по една ќесичка црвена боја за вапцување.

Според очевидците, дел од присутните земале и по неколку табли одеднаш, правдајќи се пред останатите дека ги земаат за болни роднини или соседи кои не биле во можност да дојдат.