Турција: Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди провинцијата Ван
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Ван, на југоистокот на Турција, објави турската агенција за управување со катастрофи (АФАД) на социјалната мрежа X (Твитер).
Во соопштението се наведува дека земјотреси се регистрирани и во областа Тушба, во близина на езерото Ван, пренесува РИА Новости.
Турската служба соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 7 километри.