Турција заплени руски брод со жито


 

Во реонот на турското пристаниште Карасу е задржан рускиот брод „Жибек Жоли“ со товар жито, јавува Ројтерс.

Според украинскиот амбасадор во Турција Василиј Боднар, турските истражители имаат намера да го откријат потеклото на житото и да утврдат дали е украдено.

Претходно, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека бродот „Жибек Жоли“, кој го напушти пристаништето Бердјанск во областа Запорожје, превезувал 4,5 илјади тони жито што ѝ пришаѓа на Украина.

Current Time пишува дека задржаниот товарен брод ѝ припаѓа на казахстанската компанија KTZ Express, но бил изнајмен од руската компанија Green-Line.