Тухел е новиот селектор на англиската репрезентација


 Германскиот стручњак Томас Тухел се согласил да стане селектор на англиската репрезентација, објавија англиските медиуми.

Според информациите, 51-годишниот Германец веќе потпишал договор со Англиската фудбалска асоцијација и се очекува утре попладне и официјално да биде претставен на прес-конференција на „Вембли“.

Последната работа на Тухел беше во Баерн Минхен, кој го напушти на 30 јуни годинава. Под негово водство, Баварците станаа шампиони на Германија во сезоната 2022/23.