Трпевски по вторпат амбасадор во Албанија, прозборе и албански во Собранието
Новиот амбасадор на Македонија во Албанија, Веле Трпевски, денес ги презентираше приоритетите пред Комисијата за надворешна политика. Трпевски по третпат е именуван за амбасадор на Македонија и со исклучок на вториот мандат кога беше во Австралија, повторно амбасадорува во Албанија. Тоа го искористил за да научи албански и денес на Комисијата , на барање на претседавачот доби шанса да покаже колку, но го одбегна барањето и нафрли само неколку зборови.
Трпевски беше амбасадор во Албанија за време на владеењето на Никола Груевски кога организирано се носеа Македонци од Пустец за да гласаат кај нас, што резултираше и со судски процес. Иако веќе има стаж од над 10 години во МНР, семејните корени му се длабоко во ВМРО-ДПМНЕ, при што неофицијално се шири информацијата дека неговата мајка е советник на премиерот Христијан Мицкоски, иако е вработена и во државна институција.
На прашањето вчера зошто се посветил на дипломатијата кога по струка е информатичар и работел за голема фирма, Трпевски одговори дека „подобро се снаоѓа тука“. Од првиот до вториот мандат во Тирана косата му побелела.