Тројца затвореници загинаа, а 64 се повредени во нови немири во затвор на Филипините


Тројца затвореници се убиени и  64 други се повредени во денешните немири во националниот затвор Нов Билибад, на Филипините, соопштија официјалните ица, јави ДПА.

Портпаролот на Бирото за санкциии Габриел Чаклаг изјави дека затворските власти ја испитуваат причината за немирите, што избувнаа во делот со максимално обезбедување нао затворот, додава агенцијата.

-На персоналот кој беше во канцелариите за време на инцидентот му беше наредено да се евакуира за да се осигура дека нема да им бидат нанесени повреди, рече тој.

Повредените затвореници се итно пренесени во блиската болница, додаде тој.

До судир во истиот комплекс од затворот доаѓа на точно еден месец откако во немири меѓу две ривалски банди загинаа девет затвореници.

Засега не е познато дали денешните немири имаат некаква поврзаност со немирите од минатиот месец, додава ДПА.

Во затворот Нов Билибид има 18.000 затвореници.