Тројца загинати во пукотница на забава во Мексико, меѓу убиените и дете


Три лица загинаа, меѓу кои и едно четиригодишно момче, кога засега непозната група напаѓачи отвори оган на забава во Мексико Сити.

Во инцидентот, што се случил непосредно по полноќ, се повредени уште пет деца и три жени.

Обвинителството на Мексико Сити соопшти дека се повредени две деца на возраст од две години, 11- месечно бебе и две момчиња, четири и 10 години.

Напаѓачите избегале по пукањето што се случило во сиромашната општина Истапалапа.