Тројца Македонци на бродот со заразени лица од корона вирусот

Според последните информации добиени од министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија. Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од корона вирусот. Досега се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус, соопшти Министерството за надворешни работи на Македонија.
Во соопштението се додава дека МНР продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на корона вирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.
Македонските граѓани кои се наоѓаат во Јапонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Македонија во Токио на дежурниот телефонски број +81 80 4886 0103 или е-маил, [email protected].