Три руски ракети упатени кон Украина – ја надлетале Молдавија
Молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску напиша на Твитер дека го повикал рускиот амбасадор да објасни зошто три проектили лансирани од Црното Море кон Украина поминале низ воздушниот простор на Молдавија.
Денеска Русија истрела 75 проектили врз цели во Украина, откако еден ден претходно рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за терористички напад на мостот што ги поврзува Русија и Крим.