Три лица загинаа во близина на кампусот на Универзитетот во Синсинати


Најмалку пет лица беа застрелани денеска, од кои тројца загинаа, во близина на кампусот на Универзитетот во Синсинати, соопшти полицијата.

Две лица се приведени, од кои едното е рането во престрелката. На местото на настанот се пронајдени неколку огнени оружја, а приведени се две лица, од кои едното исто така е рането, изјави полицискиот претставник Марк Бурнс.

Тој рече дека засега нема други информации. Претходно обезбедувањето на Универзитетот соопшти дека полицијата набрзо пристигнала по пријавата за пукањето, но дека еден час подоцна било констатирано дека повеќе нема никаква опасност.