Tри големи пожари кај Свети Николе попладнево, од ветрот едвај се гасат (Фото/видео)
Попладнево на територијата на Општина Свети Николе избија три големи пожари. На терен се голем број на пожарникари и доброволци, а онаму каде што може интервенира и еден полициски хеликоптер. Силниот ветер речиси го оневозможува гаснењето на овие пожари.

Кај селото Орел пожарот веројатно изби како последица на искрења од инсталација за пренос на струја.
Активни големи пожари се и на териториите на општините Старо Нагоричане, Македонски Брод, пожарот во Демир Хисар се шири кон Охрид.

Веќе неколку дена активен е пожарот кај ловиштето Јасен.
