Три филџани кафе дневно се добри за црниот дроб


Ако испиете три филџани кафе со кофеин дневно, еластичноста на црниот дроб се подобрува, покажаа резултатите од големата студија која неодамна ја објавија во стручниот магазин „Клиничка гастроентерологија и хепатологија“.

Студијата е досега најсеопфатна и ги покажува благодетите од конзумирање кафе за здравјето на црниот дроб. Анализата се темели на податоци од анкетата за испитување на здравјето и прехраната на национално ниво во чии рамки се барало да се одговорат прашања за човековите навики во исхраната.

Не е најдена поврзаност меѓу пиењето кафе и замастениот црн дроб

Клучно е што во 2017 година анкетата во истражувањето вклучила и еластографија, испитување на еластичноста нацрниот дроб на учесниците, но не поради сомнеж за евентуални здравствени проблеми со овој огран, туку во рамки на сеопфатна проценка.

Отпорано се знае дека еластичноста на црниот дроб потполно ја намалува фиброзата и таложењето на мастите.

„Во истражувањето што траеше од 2017 до 2018 година учествуваа 4.500 спитаници на кои им е направена еластографија. Тие имаа 20 или повеќе години, а просекот беше 48 години. 73 отсто страдале од прекумерна тежина, што е национален просек во САД„, рече водачот на истражувањето д-р Елиот Тапер, доцент на гастроентерологија на Универзитетот Мичиген.

Научниците не откриле поврзаност меѓу пиењето кафе и замастениот црн дроб, но нашле поврзаност меѓу консумацијата на кафе и еластичноста на црниот дроб.

„Многу хепатолози ширум светот на своите пациенти им препорачуваат консумација на кафе“

Кај лицата кои пиеле повеќе од три филџани кафе дневно, еластограмот на црниот дроб бил подобар. Но, така поволното дејство на кафето со кофеин на еластичноста на црниот дроб не е утврдено кај лицата кои пиеле кафе без кофеин, иако една поранешна британска студија откри превентивно дејство на двата вида кафе врз развојот на хронични болести на црниот дроб.

Тапер вели дека новите податоци одат во прилог на клиничарите кои на пациентите за одржување на еластичноста на црниот дроб им препорачуваат кафе.

Во поранешна студија ова важеше и за кафето без кофеин

Поранешна студија, која се темели на податоци од Обединетото кралство, исто така покажа дека пиењето кафе може да се поврзе со заштита од хронични болести на црниот дроб, но и при пиење кафе без кофеин, вели д-р Нејтан Дејвис, професор по биохемија на Институтот за здравје на црниот дроб и гастроинтестиналниот тракт на лондонскиот Универзитет.

Резултатите на студиите, и мамериканската и британската, упатуваат на позитивен учниот од пиењето кафе, но треба да се иам на ум дека болестите на црниот дроб ќе се развијат со текот на годините, па и десетлетија, вели Дејвис.

„Токму затоа, за да го одржите црниот дроб здрав, мој совет – намалете внесување во организмот јагленохидрати и алкохол, одржувајте пожелна телесна тежина и бидете физички активни, што веројатно е поделотворно во спречување на болестите на црниот дроб од пиење дополнителен филџан кафе“, советува д-р Дејвис.

„Во секој случај, за пациентите со зголемен ризик од разој на болести на црниот дроб кои во моментот пијат по три филџани или повеќе кафе, би било мудро да продолжат со таквата пракса, затоа што таа количина успева сктивно да ги намали изгледите за развој на болести на црниот дроб во потежот облик“, додава тој.