Три дена неделен возен ред во Скопје


Фото: Б. Грданоски

ЈСП „Скопје“ информира дека по повод државниот празник 8 Септември – Ден на
независноста, на ден 7.09.2024 година (сабота) и 9.09.2024 (понеделник) година ќе се работи по
неделен возен ред.

За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Ѓорче Петров; и
– Зелен пазар.
 
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно
време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45
часот е последно возење од врвот надолу.

Во понеделник 9.09.2024 година, жичницата нема да биде во функција.