Трговска војна со Кина е катастрофа за Германија, вели германскиот министер за транспорт
Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг остро предупреди на можните последици доколку Европската унија воведе казнени тарифи за електричните автомобили од Кина.
„Никој не може да посака трговска војна со Кина. Тоа би било катастрофа за Германија и нема да донесе никакви предности ниту за ЕУ“, рече Визинг во видео интервју за ДПА во четвртокот.
Европската комисија и се закани на Кина со високи казнени тарифи за електричните автомобили, поради државните субвенции кои им даваат предност на нејзините производители во конкуренција на пазарот.
На прашањето како го оценува тој чекор, Висинг рече дека нема добро мислење.
„Задачата пред нас е да обезбедиме да останеме на пазарната конкуренција, а не да ја ограничуваме таа пазарна конкуренција“, рече Висинг.
Тој објасни дека ограничувањето на конкуренцијата преку високите царини доведува до слабеење на конкурентскиот притисок што го чувствуваат големите европски производители.
„И потрошувачите се во полоша ситуација бидејќи само конкуренцијата гарантира пониски цени и подобар квалитет“, вели Висинг.