Тревога во Британија: 122.000 заболени во еден ден

Приемите во болница со ковид се зголемија за над 40 отсто во последната недела во Англија


Огромен број луѓе во Британија божикните празници ќе ги поминат во изолација

 

Водачите на здравствените власти во Велика Британија изразија тревога за голем пораст на бројот на хоспитализации поради Ковид-19, откако 1.171 лице со оваа болест беа примени во последните 24 часа што постави уште еден рекорд на дневни случаи.

Најновите владини бројки покажаа дека се регистрирани 122.186 случаи на корона вирус до 9 часот наутро во петокот. Уште 137 луѓе починаа.

Метју Тејлор, главен извршен директор на Конфедерацијата за здравствениот систем, рече: „Дневните приеми во болница со ковид се зголемија за над 40% во последната недела во Англија и ова е навистина загрижувачки за здравствените лидери чии тимови работат напорно поради зголемени отсуства на персонал и пошироки притисоци“.

Тој ја повика јавноста да се однесува претпазливо и да ги прифати поканите за вакцинација, бидејќи и покрај студиите кои покажуваат дека новата варијанта на Омикрон има помала веројатноста да ги остави сериозно болни заразените луѓе, „овој вирус претставува многу реален ризик за секојдневниот живот и за здравствениот систем “.

Семејните собири за време на празничниот период веројатно ќе резултираат со тоа што повеќе постари луѓе ќе се разболат од Омикрон, предупреди тој.

Во меѓувреме, се појавија податоци кои покажуваат дека нивото на инфекција со ковид достигна ново рекордно високо ниво. Се проценува дека 1,7 милиони луѓе во Велика Британија имаа Ковид-19 во неделата што заврши на 19 декември.