Трето олимписко злато за кинеско чудо од дете (17): Погледнете го нереалниот скок од 10 метри

Кинеското чудо од дете Куан Хонгчан (17) го освои третото олимписко злато во кариерата.
Кинеската го освои златото во скок од 10 метри на последните Олимписки игри во Токио, а синоќа триумфираше во истата дисциплина во Париз. Претходно таа освои злато во двојки од 10 метри.
Куан ја победи конкуренцијата, а таа направи особено спектакуларен скок во првата од петте серии кога доби совршена оценка од 10 од сите судии.
Кинеската направи три и пол салта, а публиката ја воодушеви со начинот на кој влезе во водата.
17-year-old Chinese diver made the water forget to splash 💦 pic.twitter.com/va3XT2Oxjb
— Spellbinding Odyssey (@SpellOdyssey) August 5, 2024
Куан славеше со вкупен резултат од 425,60 поени пред сонародничката Чен Јукси (420,70) и Ким Ми Рае (372,10) од Северна Кореја.
Куан ја продолжи доминацијата на Кинезите во Париз оваа година бидејќи освоија пет злата од исто толку скокови. Остануваат уште три натпревари, а Кинезите се надеваат дека ќе победат и на нив и на тој начин за првпат во историјата на една земја ќе ѝ го донесат целото злато од натпреварите во скокови на Олимписките игри.