Трет Женски Економски Форум на тема „Сајбер ризици и заштита на личните податоци“

Во организација на „Јас Сум Жена“, „Global Shapers Skopje Hub“, Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД Штип и авторката на курс и планер за лично буџетирање „Мој Буџет“ – Јасмина Христовска денеска во домот на култура „Билјана Беличанец“ Скопје ќе се одржи третиот Женски Економски Форум, кој е под покровителство на Општина Кисела Вода.
Како што информираат од Здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“ меѓу главните панелистки на форумот се министерката за образование и наука, Весна Јаневска и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска.
На тема сајбер ризици и заштита на личните податоци, ќе говорат Кристина Јовановска, предводник на услугата за управувана безбедност во Австрија, Германија и Швајцарија во Avanad, Анастасија Ристовска, MBA- Основач на Books at ease и Next generation, Марија Ѓоргиева, заменик директор за стратегија и развој при Глобалната сајбер алијанса и Василка Апостолска, самостоен советник – Канцеларија за супервизија на информативни системи – Сектор за супервизија – НБРМ.