Трет концерт на Здравко Чолиќ со симфониски оркестар во Скопје

По рекордно распродадените два концерта на музичката легенда Здравко Чолиќ кој доаѓа со симфонискиот концерт во Скопје, по шест години, неверојатниот интерес не само што не стивнува, туку барањата од публиката се уште поинтензивни, па така се организира и трет концерт.
Според организаторите, двата концерти за на 18. и 19. март се веќе распродадени, а уште еден е закажан за 21.март во Спортскиот центар „Јане Сандански“.
Влезниците за третиот концерт се пуштени во продажба.