Трет градоначалник позитивен на коронавирус
Градоначалникот на Крушево Томе Христоски е позитивен на коронавирус, а од вчера бил префрлен во Инфективната клиника во Скопје, пишува Фокус.мк
Според нивните информации, градоначалникот ги почувствувал првите симптоми во неделата вечерта, додека пак во понеделникот добил позитивен тест на коронавирус.
Засега не е познато колку време ќе остане на лекување, а од општината информирале дека Христоски се чувствува добро и неговата состојба е стабилна.