Тренчевска во Пробиштип по повод услугата помош и нега во домот


Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе го посети давателот на социјалната услуга помош и нега во домот – Црвен Крст Пробиштип, кој ја спроведува оваа услуга во општините Пробиштип и Кратово. Услугата е наменета за лица постари од 65 години кои не се во состојба самите да се грижат за себе.

Тренчевска ќе посети и корисник на услугата помош и нега во домот во Пробиштип за да се информира за придобивките на корисниците од услугата.

Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка.