Трамп во јуни во посета на Франција и на Велика Британија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија ќе отпатуваат во Франција на 6 јуни, каде што првиот човек на САД ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти денеска Белата куќа.

Трамп во јуни ќе ја посети и Велика Британија, каде најверојатно ќе се сретне со кралицата Елизабета во Бекингемската Палата. Трамп ќе ја посети Велика Британија во првата недела од јуни, а се очекува Белата куќа наскоро да ги соопшти деталите на посетата.

Тоа ќе биде втора посета на Трамп на Велика Британија. При првата посета минатата година, во Лондон се одржаа големи протести против неговото доаѓање.