Трамп: Во Филаделфија многу се зборува за масовна измама
Полициската управа во Филаделфија изјави за Си-Ен-Ен дека не знае за она што републиканскиот кандидат Доналд Трамп го нарече „масовно мамење“ или каков било проблем што ќе бара полициска реакција.
„Многу се зборува за масовно МАМЕЊЕ во Филаделфија. Полицијата доаѓа!!!“, напиша тој.
Ваквите објави се веќе видена работа од Трамп и во САД се сфаќаат како создавање терен за да ги спори резултатите ако не победи. Но, има една голема разлика од 2020 година кога Трамп тврдеше слични нешта. Сега Трамп нема контрола врз Министерството за правда или некои високи функционери за да изврши притисок, како што направи со државниот обвинител Бил Бар пред четири години. Ниту едно од најчудните тврдења за измама никогаш не беше потврдено.
Според првичните резултати од националната излезна анкета на Си-Ен-Ен, две третини од гласачите на овогодинешните избори велат дека се барем донекаде уверени дека овогодинешните избори се спроведуваат фер и прецизно, но ставовите се длабоко поларизирани.Приближно 9 од 10 гласачи кои ја поддржуваат потпретседателката Камала Харис велат дека имаат доверба во изборите, во споредба со само околу половина од оние кои го поддржуваат поранешниот претседател Доналд Трамп.
Околу три четвртини од гласачите вкупно оваа година веруваат дека демократијата во САД е под закана, а само околу една четвртина ја нарекуваат безбедна. Скоро 4 од 10 велат дека демократијата е многу загрозена.И големо мнозинство гласачи, околу 7 од 10, велат дека се загрижени за насилството како резултат на изборите.