Трамп вели дека американските сили се во многу силна позиција во Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили се во многу силна позиција во Иран, објавија светските агенции.

Трамп рече дека е постигнат голем напредок по помалку од една недела војна.

„Сега сме во позиција на сила и иранските претставници брзо исчезнуваат. Секој што сака да биде лидер брзо умира“, рече Трамп за време на состанокот со раководителите на технолошките компании што се одржа во Белата куќа.