Трамп вечерва ќе ја претстави визијата за силна, просперитетна држава пред Конгресот


Вашингтон– Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе се обрати пред Конгресот, фалејќи ја економската сила на земјата и откривајќи нови намалувања на трошоците, објави „Волстрит џурнал“.

Официјалната тема на говорот ќе биде „Америка на 250: Силна, просперитетна и почитувана“, осврт на 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, објави весникот, повикувајќи се на претставници на Белата куќа запознаени со планот, објави „Ројтерс“.

Трамп вечерва ќе се обрати пред Конгресот во 21 часот по источно време, односно во 3 часот наутро по централноевропско време.