Трамп твитна: Бајден „победи“, но процесот беше „наместен“
Доналд Трамп за прв пат во неделата наутро по американско време прифати дека Џо Бајден победи на изборите во САД, но тврди дека процесот е „наместен“.
Иако се чини дека актуелниот претседател не му ја признава победата на својот демократски ривал, тој е најблизу до признавањето на победата на Бајден.
Тој напиша: „Тој победи затоа што изборите беа наместени. НЕ БЕА ДОЗВОЛЕНИ НАБЉУДУВАЧИ, гласање беше табулирано од приватна компанија на радикална левица ‘Доминион’, со лоша репутација и опрема што не можеше ниту да се квалификува за Тексас (што јас го освоив со голема разлика, лажните и тивки медиуми и многу повеќе!“
Ова е прв пат Трамп да го употреби зборот „победи“ за Бајден, иако го поврза со неаргументирани наводи за местење без никаков доказ.