Трамп семејно во Велика Британија: Со децата на вечера кај кралицата
САД- Американскиот претседател Доналд Трамп со цело семејство ќе пристигне во Велика Британија, во првата официјална посета, следниот месец, тврди „Њујорк тајмс“.
Трамп планира да ги земе децата што работат со него во Белата куќа, но и другите деца, тврдат добро информирани извори.
Патувањето вклучува средба со премиерката Тереза Меј, по повод јубилејот на денот Д и посета на Бакингемската палата каде кралицата Елизабета Втора ќе ги нагости со свечена вечера на 3 јуни. И децата на американскиот претседател се поканети.
Тоа значи дека ќерката Иванка (37) и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер (38), Доналд Трамп помладиот (41) , ќерката Тифани (25), синот Ерик Трамп (35) и неговата сопруга Лаура (36), можеби ќе се сретнат и со принцот Вилијам (36) и со Кејт Мидлтон (37). Принцот Хари (34) и Меган Маркл (37) нема да присуствуваат на вечерата. Трамп помладиот, кој се разведе лани, ќе дојде со девојката Кимберли Гилфој (50).
Се очекува Трамп да се сретне и со принцот Чарлс, за прв пат откако е избран за претседател.