Трамп прогласи вонредна состојба во Флорида поради ураган
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи вонредна состојба во сојузната држава Флорида пред налетот на ураганот Дориан.
Трамп предупреди дека Дориан може да биде „апсолутно чудовиште“.
Американскиот претседател им нареди на федералните власти да им помогнат на локалните власти во Флорида во одбрана од ураганот.
Според метеоролозите бурата се очекува да ја достигне четвртата категорија и ќе го погоди брегот на Флорида доцна в понеделник или наутро во вторник.
Трамп ја откажа посетата на Полска за време на викендот за од Вашингтон да ја следи ситуацијата со ураганот.
Националниот центар за урагани во Мајами предупреди дека Дориан е „исклучително опасен“ и дека претставува значителна закана за Флорида и северозападниот дел на Бахами.