Трамп потпиша извршни наредби за царини за челик и алуминиум


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп го исполни ветувањето дека ќе воведе царини од 25 отсто на увоз на челик и алуминиум, засилувајќи ја долго ветената трговска војна и покрај предупредувањата од Европа и Кина. Стапува на сила од 12 март.

„Денеска ги поедноставувам нашите царини за челик и алуминиум“, рече Трамп во Овалната соба додека ги потпишуваше извршните наредби.
„Тоа е 25 проценти без исклучоци“.

Трамп, исто така, сигнализираше дека ќе разгледа воведување дополнителни тарифи за автомобили, лекови и компјутерски чипови.

Канада и Мексико – на кои Трамп веќе им се закани со царини – се најголемите извозници на челик во САД, според трговските податоци на САД. Бразил и Јужна Кореја се исто така главни снабдувачи со челик.
Американскиот лидер потврди и дека размислува за ослободување на Австралија од царините за челик.

„Имаме (трговски) вишок во Австралија, еден од ретките. А причината е што купуваат многу авиони. Тие се прилично далеку и им требаат многу авиони“, рече тој.