Трамп му наложи на Министерството за правда да ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му наложил на Министерството за правда да ги отпушти сите преостанати обвинители од времето на Џо Бајден, нагласувајќи дека одделот бил „политизиран како никогаш досега“.

„Мораме веднаш да ја „исчистиме куќата“ и да ја вратиме довербата. Златното доба на Америка мора да има фер правосуден систем – ТОА ПОЧНУВА ДЕНЕСКА“, наведе Трамп во објавата на социјалната мрежа „Truth Social“.