Трамп: Можеме да посредуваме меѓу Турција и Курдите


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека едно можно решение за конфликтот меѓу Курдите поддржани од САД и турските сили во североисточна Сирија е Вашингтон да посредува во мировни преговори.

Трамп на Твитер најави дека САД имаат три опции.

„Имаме три избори – да испратиме 1.000 војници и да извојуваме воена победа, да ја погодиме многу тешко Турција и финансиски и со санкции, или да посредуваме меѓу Турција и Курдите“, наведе американскиот претседател.

„Се надевам дека можеме да посредуваме“, додаде Трамп.