Трамп може да биде отстранет од Белата куќа со „Сикрет сервис“ доколку одбие да замине


Американскиот претседател Доналд Трамп може да биде отстранет од Белата куќа од страна на агентите на „Сикрет сервис“ доколку тој одбие да замине, јавија западни медиуми повикувајќи се на експерти.

Актот за претседателска транзиција од 1963 година е клучен за трансферот на власта во САД. Државните службеници имаат рок за давање информации и пристап до идната администрација. Владините службеници положија заклетва дека ќе го почитуваат Уставот на САД пред да стапат на функцијата.

– Заклетвата повикува Бајден да биде признат за новоизбран претседател доколку победи на Изборниот колеџ, без оглед што ќе каже Трамп, вели Роберт Чесни, професор по закон за национална безбедност на Универзитетот во Тексас.

– Тешко ми е да верувам дека војската, тајната служба, ФБИ или кој било друг дел од бирократијата ќе застанат на страната на Трамп ако Изборниот колеџ или судот кажат поинаку, рече Чесни.

И покрај расправијата меѓу таборите Трамп и Бајден за време на изборната кампања, на почетокот на оваа година администрацијата на американскиот лидер ги исполни условите за обезбедување федерални згради и владини ресурси за кампањата на поранешниот потпретседател.

Може ли војската да го протера Трамп од Белата куќа ако тој одбие да го стори тоа?Двајца ветерани ја зголемија веројатноста со „отворено писмо“ до генерал Марк Мили во август.

„Ако Доналд Трамп одбие да поднесе оставка по истекот на неговиот уставен мандат, американската војска мора да го отстрани со сила и вие мора да ја издадете таа наредба“, се вели во писмото, објавено од „Дефанс уан“.

Но, други велат дека е подобро да биде отстранет од Тајната служба за да не влијаат врз основниот правен принцип дека војската треба да се држи настрана од прашањата за спроведување на законот во земјата.

– Имаме уставен процес и војската не е во таа опција, изјави Кори Шејк, директор за надворешна и одбранбена политика на  American Enterprise Institute.

– Ако Трамп одбие да ја напушти Белата куќа, тој ќе стане „прекршител“ на 20 јануари, рече Чесни, додавајќи дека Тајната служба ќе дојде и ќе го придружува за заминување.

Професор по право Лоренс Даглас, во својата книга „Ќе си замине ли?“ со оглед на ситуацијата по изборите во 2020 година, смета дека во одреден момент Трамп ќе го признае поразот.

После години флертување со идејата за отфрлање на неповолните изборни резултати, Трамп ги зголеми стравувањата од опасни сценарија: граѓанска војна, претворање на Врховниот суд во оружје, па дури и крај на американската демократија. Одделно, многу Американци се загрижени за насилството.

Ако некои тужби на Трамп најдат приврзаници меѓу републиканските пратеници и федералните судови, тоа може да доведе до многу конфузија и хаос пред 20 јануари, кога Бајден треба да ја преземе функцијата.

Но, републиканците најверојатно ќе молчат ако Трамп продолжи да се жали и да одбие да соработува со тимот на Бајден, според експертите.

Иако ги загуби изборите, тој ја доби поддршката од повеќе од 70 милиони Американци и може да има големо влијание врз неговиот електорат со години.

– Тој ќе продолжи да им кажува на десетици милиони Американци дека претседателството на Бајден е нелегитимно, дека демократите извршија државен удар. Ова дефинитивно може да го отвори патот за повторно оживување на „трапизмот“, ако не самиот Трамп во 2024 година, смета Даглас.