Трамп: Јас сум единствениот што не му предадов ни дел украинска земја на Путин, утре вечер голема најава


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека тој е единствениот претседател кој не му предал дел од Украина на рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека утре вечер ќе објави „нешто големо“.

„Единствениот претседател кој не дал ништо од украинската земја на Русија на Путин е претседателот Доналд Џеј Трамп“, напиша Трамп на „Трут Соушл“.

Тој истакна дека тоа треба да се запамети и покрај критиките од демократите и „лажните вести“.

– Утре вечер ќе биде големо. Ќе кажам како што е, додаде Трамп.

Објавата доаѓа по напнатата средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот.