Трамп и Меј на средба со бизнисмените
Англија– Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со британската премиерка Тереза Меј изјави оти верува дека Велика Британија може да постигне „многу значаен трговски договор“ со САД откако ќе ја напушти ЕУ.
Тој имаше средба и со бизнис заедницата, на која беше домаќин заедно со Меј, на вториот ден од неговата официјална тридневна посета на Велика Британија. Меј и Трамп разговараат и за спорните прашања, како што е соработувањето со кинеската фирма Хуавеј.
За тоа време ширум Британија се одржуваат протести, а лидерот на лабуристите Џереми Корбин ќе се обрати на собирот во Лондон.
Се очекува на подоцнежната средба во Даунинг стрит Меј да го претстави и ставот на Велика Британија за климатските промени и Иран.
Лондонската полиција соопшти дека протестите против Трамп, на кои се очекуваат илјадници луѓе, распоредени се 3.182 полицајци.