Трамп го предаде Западот со срамната позиција за Украина, вели Клинтон


Поранешната државна секретарка на САД и прва дама, Хилари Клинтон, зборуваше на  Минхенската безбедносна конференција при што понуди  брутален осврт на надворешната политика на Доналд Трамп за Украина.

„Мислам дека ставот на администрацијата на Трамп кон Украина е срамен. Мислам дека обидот да се принуди Украина на договор за предавање со Путин е срамен. Мислам дека обидот што го прават Путин и Трамп за да профитираат од бедата и смртта на украинскиот народ е историска грешка и корумпиран до последен степен. Верувам дека Украина се бори за нашата демократија и нашите вредности на слобода и цивилизација на фронтот, губејќи илјадници луѓе и уништувајќи ја нивната земја од манијата на еден човек да ги контролира. Мислам дека  Трамп или не го разбира или воопшто не му е гајле за тоа страдање.“

Таа продолжи за Трамп:

„Тој го предаде Западот. Тој ги предаде човечките вредности. Тој ја предаде повелбата на НАТО, Атлантската повелба, Универзалната декларација за човекови права. Многу е направено претходно за да се обиде да се разбере колку е тешко да се ограничат луѓето кои сакаат неодговорна моќ – и никој од нас во оваа просторија, вклучително и сите нас на овој панел, не би избрал да живее под режим кој е толку неодговорен што може да дејствува неказнето на начинот на кој го прави Путин, а Трамп се моделира според тоа“, рече Клинтон.