Трамп го „освојува“ езерото Онтарио со армија од патки
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави видео создадено со вештачка интелигенција кое прикажува армија на патки како патролираат на брегот на езерото Онтарио. Патките носат автоматски пушки и ја имаат препознатливата фризура на Трамп. На друга фотографија, објавена исто така на неговата социјална мрежа Трут соушл, Трамп се прикажа себеси како стои покрај знак на кој пишува „Добредојдовте на езерото Америка“.
Trump just posted this video featuring armed geese — all sporting what appears to be Trump-style hair. pic.twitter.com/JNjQuaesAw
— Orla Joelsen (@OJoelsen) August 29, 2026
Пред три дена, Трамп потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио во езеро Америка, велејќи дека тоа стапува во сила веднаш. Езерото се граничи и со канадската покраина Онтарио и со американската сојузна држава Њујорк. Премиерот на Онтарио, Даг Форд, му возврати на Трамп со поставување голем знак на брегот на Канада со пораката: „Долго пред претседателот Трамп, ова езеро се викаше Онтарио. Долго откако претседателот Трамп ќе замине, сè уште ќе се вика Онтарио“.
Војната со зборови започна откако пропаднаа трговските разговори, при што САД воведоа нови царини од 50 отсто на 20 милијарди долари канадски стоки. Канада следниот месец ќе воведе идентична мерка во стилот „долар за долар“.