Трамп го одобри државниот стимул за американската економија


Претседателот на САД, Доналд Трамп, го одобри буџетот за финансирање на сојузната влада во кој е вклучен и пакетот мерки за економска помош од последиците на пандемијата, јави синоќа Џад Дир, прес-секретар на Белата куќа

Финансискиот стимул за Американците од државата е во висина од речиси 900 милијарди долари.

-Претседателот Доналд Трамп го потпиша нацрт законот 133 (одобрен од Конгресот) за доделување буџетски средства за фискалната година што завршува на 30 септември 2021 година, кој предвидуа и итна помош и пари за борба со коронавирусот, се вели во изјвата на Дир.

Мерките предвидуваат исплата од 600 долари за секој Американец, иако Трамп претходно бараше сумата на исплатата да се зголеми до 2.000 долари. На почетокот на минатата недела тој се закани дека ќе стави вето на текстот доколку неговите барање не се исполнат. Во четвртокот мерките тој ги нарече „срамни“.

Ова создаде паника и кај двете партии викендов во Вашингтон, со загриженост за последиците од затворањето на сојузната влада за време на пандемија и истекувањето на неколку клучни одредници од претходниот пакет мерки.

Не се знае што било пресудно Трамп доцна синоќа да го смени својот став и го потпише законот. „Вашингтон пост“ наведува дека тој се наоѓал под огромен притисок од републиканците да го стори тоа.