Трамп го номинираше таткото на неговиот зет Мајкл Булос за советник за Блискиот Исток
Вашингтон – Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска го именува американско-либанскиот бизнисмен Масад Булос за советник за Блиски Исток.
– Масад е добар преговарач и цврст поддржувач на мирот на Блискиот Исток. Тој ќе биде верен бранител на САД и нивните интереси, истакна Трамп.
Булос е долгогодишен републиканец, кој се збогати со продажба на автомобили во Нигерија. Тој активно учествуваше во претседателската кампања, ангажирајќи се во убедувањето на арапската заедница во одредени клучни држави да гласаат за Трамп.
Но, Булос е татко на еден од зетовците на Трамп. Мајкл Булос во 2022 година се ожени со најмалата ќерка на Трамп, Тифани.
Трамп за време на претседателската кампања најави дека ќе стави крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас, без да наведе детали.