Трамп добил кислород во Белата куќа пред да биде префрлен во болница
Повеќе извори потврдија дека Доналд Трамп добил дополнителен кислород во Белата куќа во петокот пред да биде пренесен во медицинскиот центар „Валтер Рид“, што е последниот во низата контрадикторни извештаи кои предизвикаа сомнежи во врска со транспарентноста на Белата куќа и загриженоста за вистинската состојба на здравјето на американскиот претседател.
Лекарот на Трамп, Шон Конли, го заобиколи прашањето дали Трамп некогаш примил кислород како резултат на дијагнозата на корона вирусот. Но, Асошиетед прес, „Њујорк тајмс“ и Си-ен-ен потврдија дека Трамп добил дополнителен кислород додека бил во Белата куќа, повикувајќи се на неименуван извор кој не бил овластен да зборува јавно за ова прашање.
Конфузијата започна порано во саботата, кога неименуван извор изјави за прес-групата во Белата куќа дека Трамп минал низ многу загрижувачки период во петокот и следните 48 часа ќе бидат критични… само неколку моменти пред лекарите на Трамп да претстават далеку порозова слика во нивниот брифинг пред камера.
Новинарката на „Њујорк тајмс“, Меги Хаберман, која има многу добри врски во Белата куќа, напиша дека во целиот негов живот претседателот имал фобија околу болести и претпазлив да оди во болница, според изјавите на луѓето кои го знаат лично или работеле со него. Тој никогаш не сакал да оди во болница ако се чувствува релативно добро.
Лекарот на Трамп, Шон Конли, откри дека претседателот се лекува со терапевтскиот лек „ремдесивир“. Претходно на Трамп му беше даден коктел со антитела за лекување на Ковид-19.
Здравствениот експерт Санџај Гупта за Си-ен-ен изјави дека употребата на експериментални терапии со антитела и лекот „ремдесивир“ покажува дека сигурно имало „ниво на загриженост“ за Доналд Трамп.
„Сигурно постоеше ниво на грижа што беше доволно високо, а тоа му беше дадено на претседателот, а не на првата дама“, рече тој.
Што знаеме за „ремдесивир“?
„Ремдесивир“ беше одобрен за итна употреба од страна на американската Администрација за храна и лекови во мај, откако доказите покажаа дека може да им помогне на пациентите со Ковид-19 побрзо да закрепнат.
ФДА постапи врз основа на прелиминарните резултати од студијата спонзорирана од владата покажа дека „ремдесивирот“ го скратува времето на опоравување за 31 отсто, или околу четири дена во просек, за хоспитализирани пациенти со Ковид-19.
Во тоа време, д-р Ентони Фаучи, врвниот владин експерт за заразни болести, изрази претпазлив оптимизам за резултатите од испитувањето на „ремдесивир“.
„Податоците покажуваат дека ‘ремдесивир’ има јасен, значаен, позитивен ефект во намалувањето на времето за закрепнување“, рече Фаучи. „Она што е докажано е дека лекот може да го блокира овој вирус“.
Овластувањето за итни случаи на ФДА дозволува лекови да се пуштаат на пазарот за време на кризи во јавното здравство и не бара вообичаено „суштинско“ ниво на докази.
Овластувањето за итна употреба предупреди на можни несакани ефекти, вклучително и „зголемено ниво на ензими на црниот дроб, што може да биде знак на воспаление или оштетување на клетките во црниот дроб; и реакции поврзани со инфузија, кои можат да вклучуваат низок крвен притисок, гадење, повраќање, потење и треперење“.
Овластувањето предупредува на можни други сериозни несакани ефекти кои сè уште не се откриени.