Трамп: Ако не гласате, ќе победат социјалистите и комунистите
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Џорџија да гласаат за републиканските кандидати за сенатори, во спротивно ќе победат „социјалистите и комунистите“.
– Никогаш досега не се случило една држава да има толку важна улога во изборите за Сенатот. Важно е да излезете и да гласате. Ако не гласате, ќе победат социјалистите и комунистите, изјави Трамп.
Како што истакна Трамп, „социјализмот би бил само почеток, а потоа ќе се воспостави комунистичка власт“.