Tрајанов: Мицкоски никогаш не кажал дека ќе го врати името

И Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за застојот во евроинтеграцијата и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо на тој план освен што се жали, ги обвини претходните партии на власт, а пред се СДСМ.
-Ако се развлечеше договорот 2-3 месеци и се добиеше поголема согласност и од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обезбедеше 2/3 мнозинство и тој процес ќе течеше. Одговорноста ја носи СДСМ. Затоа сега истото го прашуваат од партијата дали ќе се репреговара со Бугарија, дали ќе се врати името…Државата прифатила ратификување на договор и не би можела да го менува…, кажа претседателот на ДС во емисијата „Само вистина“.
Притоа Трајанов ја отфрли критиката од кругови наклонети на ВМРО-ДПМНЕ дека може а не го враќа името на државата.
-Никогаш немало ваква опција, барем јас не сум слушнал, дека Мицкоски дал изјава како лидер на партијата дека ќе го врати името. Јас бев во кампањата и таква работа немало. Проблем беше дали ќе го користат уставното име. Јас не можам да видам став на партијата дека ќе го вратат името назад. Реалноста мора да се респектира, додаде Трајанов.