Традиционална крводарителска акција на „Рамсторе“
По повод 16. роденден на „Рамсторе Македонија“ и во насока на својата визија која има за цел да превземе чувствителни активности кон општествтото, во соработка со „Црвен Крст на Град Скопје„ и заводот за Трансфузиологија, денес (12 ноевмри) заедно со своите вработени организираа крводарителска акција под мотото „Рециклирај се, Дарувај Крв„.
Дарувањето на крв за нас, е должност на секој човек и воедно како компанија придаваме огромно значење на општествено одговорните активности кои додаваат вредност на општеството во кое живееме. Би сакалe да им се заблагодариме најпрвин на тимот на „Црвен крст“ кој најсовесно ја извршува својата работа, и на сите вработени кои беа дел од денешната крводаритлена акција и ја покажаа својата хуманост, изјавиjа од „Рамсторе Македонија“.
Ние како „Рамсторе“ ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти и веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна како за нашето здравје така и за болните лица на кои тоа им е најпотребно .
Соработката на „Рамстор Македонија“ со „Црвен крст на Град Скопје“ се развива и во социјално-хуманитарната сфера што само ја истакнува посветеноста на компанијата за вклучување во општествено одговорни проекти како дополнителна вредност на општеството во кое живееме.