Торнадо го уништи Далас: Откорнати покриви и дрвја, градот без струја


 

Торнадо и силни грмотевици минатата недела речиси го уништија американскиот град Далас, при што се уништени многу станбени и деловни објекти и остави десетици илјади луѓе без струја.

Силни бури, со ветар од 110 километри на час, силни дождови, грмотевици и град во неделата оставија без струја 65.000 луѓе, пренесува Онкор, најголемото државно комунално претпријатие.

„Материјалната штета е голема во подрачјата каде помина торнадото“, објави Онкор.

Градот Далас објави дека до сега немаат информации за смртни случаи или сериозно повредени граѓани, но истакнаа дека ноќеска служби оделе од врата на врата и го проверувале населението.